Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Тарифниците се разгледуваат, за висината на провизиите одлучуваат банките

1 јул. 2025 г.·3 мин читање·3947 прегледи

Следете не на Viber

Банките ги разгледуваат тарифите, но одлуките за надоместоците ги носи секоја банка посебно, односно тоа се одлуки на нивните органи на управување. Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова Штериева, потврди дека на минатонеделниот состанок со гувернерот Трајко Славески се согласиле дека сите опции ќе бидат разгледани за евентуално намалување на провизиите на одделни услуги.

„Банките веќе почнаа да ги разгледуваат тарифите, но како што нагласив и тогаш, тоа е индивидуална одлука на секоја банка, односно на органите на управување на банката”, го повтори Стевкова Штериева ставот што од МБА го изнесоа и претходно, на разговорите со гувернерот на Народната банка. Славески пред банкарите го презентираше предлогот за укинување и за намалување на одделни провизии кои, како што наведе, би биле одржливи за банките и прифатливи за граѓаните.

Гувернерот тогаш најави дека првиот чекор ќе го направи Народната банка. Конкретно, дека ќе се намалат надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем  – МИПС, како што се надоместоците поврзани со долговниот промет.

„Пред сѐ, треба да ги погледнеме тарифите. Беше ветено и од Народната банка дека на долговниот промет на страната на трансакциите поврзани со МИПС ќе има ослободување од таа трансакција”, посочи Стевкова Штериева. Притоа додаде: „Тоа се покомплексни пресметки и за едното и за другото, така што во соодветно време очекувам дека ќе реагираат”.

Висината на банкарските провизии со години наназад предизвикува негодување и кај граѓаните и кај бизнисот. По таа основа, банкарскиот сектор акумулира милионски износи. Минатата година околу 115 милиони евра. Тоа претставува 18 отсто од вкупните нето-приходи на македонските банки.

Како една од мерките со кои ќе се влијае врз банките да пристапат кон нивно намалување, Народната банка пред две години на својата веб-страница ја воведе алатката за споредба на банкарските надоместоци. На јавен увид се сите актуелни информативни документи за надоместоците, како и споредбениот преглед на сумите одредени на најрепрезентативните услуги.

Исто така, во претходниот парламенатрен состав имаше два обида законски да се делува врз провизиите, односно на двапати, од страна на пратениците на ЛДП и Левица, беше поднесуван Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи. Доколку беше усвоен, наместо со интерна банкарска политика, трошоците ќе се регулираа со законското решение.

Минатата недела, на состанокот во МБА Славески укажаа дека високите трошоци за извршување на плаќањата можат да претставуваат пречка за користење на официјалните канали, особено кај населението со пониски примања кое, во услови на ценовно недостапни услуги, ќе мора повеќе да се потпира на готовина.

Како провизии кои можат да се укинат, Славески ги наведе надоместоците за користење на електронското и мобилното банкарство, како и тие што се пресметуваат за плаќањата со платни налози во рамки на банката.

Воедно, посочи дека на разумно ниво треба да се постават надоместоците за одржување на платежни сметки за правни лица, за меѓубанкарските плаќања во денари преку платните системи КИБС и МИПС, за подигнување готовина на банкомати на други банки, како и провизиите што банките ги наплатуваат од трговците за прифаќање картички.

Клучни зборови

  • банкарски провизии
  • Маја Стевкова Штериевa
  • Македонска банкарска асоцијација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk