Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Таргет Груп: Една оцена – збир на многу финансиски анализи

18 фев. 2021 г.·3 мин читање·1162 прегледи

Следете не на Viber

Луѓето најчесто имаат страв од непознатото, аверзија кон ризикот и постојаната навика да останат во комфорната зона на своето живеење и работење.

И компаниите исто како и луѓето се изложени на истите ризици, стравови и навики. За жал (или за среќа), веќе ни комфорната зона не е “комфорна”, па нашето искуство говори за тоа дека се повеќе компании решението го гледаат во бонитетните извештаи пред секоја склучена соработка, при секоја обнова на договор или при секоја поголема испорака.

Таргет Груп ДОО Скопје е компанија чија специјалност се бонитетните извештаи. Нашите бонитетни извештаи содржат најразлични видови анализи, започнувајќи со проценка на способноста на компаниите дали имаат навремена исплата на своите обврски и наплата на своите побарувања, продолжуваќи со анализа на прцесот како компанијата создава и троши готовина, каква е структурата на капиталот и каква е ефективноста и ефикасноста на менаџментот во користење на средствата на компанијата.

Најзначајниот дел и делот кој ја претставува суштината на бонитетниот извештај претставува бонитетната оцена.

Бонитетната оцена ја отсликува финансиската состојба на компанијата и е резултат на сложени квалитативни и квантитативни финансиски анализи со кои се настојува да се прикаже работењето на една компанија од повеќе аспекти. Со еден збор, сите оние поединечни анализи содржани во бонитетниот извештај, кои ние во Таргет Груп постојано ги изработуваме и надградуваме, како и нивните меѓусебни поврзаности и надополнувања се составен дел на бонитетната оцена.

Нашето долгогодишно искуство ни покажа дека високите приходи не секогаш значат висока бонитетна оцена, високиот износ на обврски не мора да сигнализира лошо работење на компанијата.

Оттука произлегува дека значењето и важноста на бонитетната оцена се огледува во тоа што таа го покажува делот од работењето на компаниите кој не може да се види само со преглед на финансиските извештаи.

За да сликата биде целосна, а Вашата одлука посигурна, нашите бонитетни извештаи го вклучуваат и кредитниот лимит како финансиски параметар кој претставува дополнување на бонитетната оцена, а се однесува на максимално препорачано дополнително задолжување, без притоа да се наруши постоечкото работење на компанијата.

Како компанија која веќе една деценија успешно функционира на пазарот со бонитетни извештаи, би кажале дека бонитетните извештаи, а преку нив и бонитетната оцена, претставуваат единствена моќна алатка во деловниот свет кои можат финансиските податоци да ги претворат во корисни информации и завземаат значајно место при носење на секоја деловна одлука.

Александра Трајчевска
Главен финансиски аналитичар во ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје

Клучни зборови

  • анализи
  • Бизнис Мрежа
  • бонитет
  • Таргет Груп
  • финансиски анализи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk