Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Таргет Груп по четврти пат го доделува престижното признание ,,Сертификат за деловна успешност”

24 сеп. 2021 г.·4 мин читање·2626 прегледи

Следете не на Viber

Таргет Груп како бонитетна куќа веќе четврта година доделува Сертификати за деловна успешност, што претставува признание за успешните и добро управувани компании.

Со добивањето на Сертификат за деловна успешност, освен привилегиите кои ги носи истиот (дигитален беџ, персонализиран сертификат во електронска верзија, врамен сертификат, бонитетен извештај за компанијата и попуст на бонитетни извештаи за компании од Македонија,Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Бугарија) се добива и бесплатен пристап до основниот пакет на платформата БизнисМрежа.мк.

Обемните анализи на Таргет Груп за работата на македонските компании во 2020 година, кога веќе силно се почувствуваа последиците од Ковид кризата, покажаа дека само 800 компании од земјава успешно се справиле со заканата. Овие македонски компании всушност се и носители на Сертификатот за деловна успешност за минатата година.

-Секоја компанија исто како и секој поединец е една компактна целина во која се содржани добри и лоши страни, можности, закани како и ретки и специфични вредности кои ја прават компанијата единствена на свој начин. Имајќи го ова во предвид, Таргет Груп настојува да направи колку што е можно подетални анализи кои имаат единствена цел – да го прикажат она што кај компанијата не може да се види “со голо око” односно не може да се забележи со едноставен преглед на финансиските извештаи, истакнуваат од Таргет Груп, компанијата што ги доделува сертификатите.

Од компанијата, посочуваат дека токму резултатот на една од таквите анализи се Сертификатите за деловна успешност (Sertificate of Еxcellence) кои Таргет Груп како бонитетна куќа ги доделува веќе четири години по ред и со нив настојува да даде признание најдобро управуваните компании за нивното успешно финансиско работење.

Инаку, во финансиските анализи сите елементи се поврзани едни со други, така што крајниот резултат е комбинација од сите нив. Генерално гледано критериумите за добивање на едно вакво признание се поделени во неколку групи:

● Критериуми за ликвидност и солвентност
● Критериуми за финансирање со туѓи извори на средства
● Критериуми за успешност и ефикасност во управувањето
● Критериуми поврзани со карактеристиките на компанијата и нејзиното опстојување на пазарот

Добитниците на Сертификати за деловна успешност пред се треба да ја имаат во предвид најголемата предност, а тоа е дека се компании кои:

● имаат успешно менаџирање на своите деловни процеси
● успеваат да го задржат или подобрат своето работење
● успеваат најголем дел од нивните закани од работењето да ги претворат во можности со цел постигнување на најдобри можни резултати

Ковид пандемијата повеќе од било кога порано покажа колку е значајно економичното работење на компанијата со акцент на зголемување на продуктивните трошоци, а намалување на непродуктивните трошоци преку што би обезбедиле приливи на парични средства кои претходно биле залудно потрошени.

-Ковид пандемијата само го потврди она што Таргет Груп како компанија постојано го потенцира на своите клиенти и потенцијални купувачи, а тоа е дека промените постојано се случуваат и од особена важност е да имате навремени и точни информации кои ќе овозможат соодветно планирање на трошоците и добро управување со работните процеси како би дошло и до зголемување на компаниите кои се добитници на вакво престижно признание, потенцираат од Таргет Груп.

Проверете дали и Вашата компанија е добитник на сертификат за деловна успешност на следниот линк и придружете се на компаниите кои веќе го активираа истиот.

Клучни зборови

  • сертификати за деловна успешност
  • Таргет Груп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk