Здравјето е највредното нешто што го имаме. Ниедно богатство не може да го замени, ниту да го спаси човекот кога телото ќе се побуни. Затоа и не е случајна изреката ‒ подобро да се спречи, отколку да се лечи.
Во секој град и секое маало, аптеката е местото каде што оваа вистина станува дел од секојдневието. Таа не е само простор со полици полни со лекови, туку првата станица кога здравјето ќе се наруши. Таму фармацевтот е од доверба, а зад тие производи и етикети стои жива индустрија што пулсира со здравјето на луѓето и остварува сериозна економска активност.
Анализата на порталот Пари, во која се користени податоците од Бизнис Мрежа, опфаќа 10 аптекарски фирми, кои се на врвот според приходот и добивката. Вкупно 192,8 милиони евра приходи, 4,7 милиони евра добивки и 2.010 вработени ја одразуваат силата и значењето на секторот трговија на ма…