Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Take-Two Interactive ја купува Zynga за 12,7 милијарди долари

11 јан. 2022 г.·2 мин читање·2078 прегледи

Следете не на Viber

Компанијата за игри Take-Two Interactive со седиште во Њујорк соопшти дека ќе издвои 12,7 милијарди долари за да го преземе конкурентот на пазарот, Zynga со седиште во Сан Франциско.

Познатиот производител на видео игри, познат по Grand Theft Auto, Red Dead Redemption, NBA 2K, BioShock, Borderlands, Civilization и Mafia, ќе ја купи Zynga, компанија „специјализирана“ за создавање игри за мобилни платформи, особено Farmwille, со средства кои вклучуваат мешавина на готовина и акции, пренесува The Verge.

Акциите на Zynga ќе се плаќаат по цена од 9,86 долари по акција, што е за 64 отсто над цената што ја постигнаа по затворањето на берзата на крајот на минатата недела. Секој акционер на Zynga ќе добие 3,50 долари во готовина и 6,36 долари во вредност во акциите на Take-Two Interactive.

По објавувањето на оваа вест, пазарот на капитал реагираше на таков начин, бидејќи вредноста на акциите на Zynga порасна за цели 49 отсто, додека акциите на Take-Two Interactive паднаа за 10 отсто.

Пазарната капитализација на Take-Two interactive моментално се проценува на околу 16,6 милијарди долари.

Клучни зборови

  • Take-Two Interactive Software
  • zynga
  • купопродажба
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk