
ИНТЕРВЈУ I АНДОНОСКА: Од мала сонував да бидам возач на автобус, прво ме одбија затоа што сум жена, да не се нарушел угледот на компанијата
Кога ќе ѝ ја видите насмевката што ја облева кога ќе си седне на своето работно место, зад воланот на големиот патнички автобус на компанијата Роман, веднаш ќе се согласите дека некои луѓе, едноставно, се родени за својата професија. Жаклина Андоноска од Прилеп е дел од тимот на оваа компанија, којашто ја одржува редовната меѓуградска
