
Големите финансиски институции очекуваат раст на цената на златото и над 6.000 долари
Златото традиционално се смета за сигурно засолниште во периоди на економска и геополитичка неизвесност. Во услови на висока задолженост на државите и нестабилни финансиски текови, инвеститорите често го зголемуваат интересот за овој инструмент. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Горан Марковски од КБ Инвест вели дека најголемите финансиски институции остануваат оптимисти за движењето

