
Народна банка ќе соработува со Хрватската народна банка
Во рамките на Регионалната програма за јакнење на капацитетите на централните банки на земјите кандидатки и потенцијални кандидатки за членство во ЕУ од Западен Балкан, којашто е во тек, започна да се спроведува билатералната мерка во соработка со Хрватската народна банка, насочена кон понатамошно зајакнување на функцијата на нашата централна банка во областа на меѓународните односи и особено евроинтеграциите.
