
ЗЛАТОТО ГО ЗАВРШИ МЕСЕЦОТ СО НОВ РЕКОРД: Што ги поткрена цените на скапоцениот метал на светските берзи?
Златото го заврши август на Лондонската берза со нов месечен просечен рекорд за 2025 година во петокот, откако го направи својот најоостар неделен скок од средината на јуни. Причина за ова е фактот што американските технолошки акции паднаа силно откако новите податоци покажаа закрепнување на инфлацијата во Европа и Америка, објави специјализираниот сајт Булион Волт.
