
Финансии
ИЗВРШИТЕЛСКИ УПАДИ, ДЕФИЦИТ НА ПАРИ И НА КАДАР, РЕЗЕРВИ КОН ИЗВЕШТАИТЕ – Што откриваат државните ревизори за ПИОМ?
Ревизорите се резервирани во однос на вистинитоста и објективноста при прикажувањето на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Исто така, по извршената контрола на функционирањето во 2021 година, резерви се искажани и од аспект на усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики,