
Послабо тргување, пониски приходи – добивката на Македонска берза падна за 42 отсто
Македонска берза ја заврши 2025 година со послаби финансиски резултати во споредба со претходната година. Падот забележан во главниот извор на приливите од берзанските активности се одразил врз приходите кои изнесуваат 1,09 милиони евра и врз профитабилноста – добивката се намалила за 42,45 отсто. Од 361 илјада на 207,3 илјади евра. И покрај ова, Берзата










