
Бизнис
Фестивал на младо вино 2022 во духот на зелената и дигитална трансформација на „Тиквеш“
Во насока на градење на винската култура и традиција и со цел промоција на македонското вино, на 19. и 20. ноември 2022 година се одржа Фестивалот на младо вино во винарската визба „Тиквеш“. Ова е 13-то издание на Фестивалот на младо вино, кој од година во година привлекува сѐ поголемо внимание во земјава и регионот.