
Едукација
Oпортунитетните трошоци – цена на пропуштената можност
Во секојдневното работење и живеење луѓето најчесто се наоѓаат пред предизвикот да го изберат најдобриот начин да реализираат одредена активност. Со оглед на тоа дека ресурсите се релативно ограничени, а можностите за искористување на тие ресурси се многубројни, изборот на најдобар начин кој би донел и најдобар принос е особено значаен, а во исто време