
Бизнис
НЕЗАДОВОЛСТВОТО И БЛОКАДИТЕ СЕ ШИРАТ НИЗ ГРЦИЈА: Вечерва грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Евзони
Граничниот премин Евзони вечерва после 18 часот повторно беше блокиран од страна на грчките земјоделци. Речиси четири часа во прекин е сообраќајот за влез и излез од Грција, а поради блокадите, граѓаните кои планираат да патуваат кај јужниот сосед, најдобро е да го користат граничниот премин Дојран, јави вечерва дописничката на МИА од Атина. Евзони