
Удрен камен-темелник на нова фабрика во Бунарџик: „Чагатај Кабло“ инвестира шест милиони евра
Започна со изградба новиот производствен погон на „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје 1. Инвестицијата од шест милиони евра ќе обезбеди нови 200 работни места. Денес го одбележуваме почетокот на нова инвестиција. Но повеќе од тоа, денес вградуваме уште еден темел на економска доверба. Јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот неминовно доаѓа, нагласи премиерот

