
На Зимскиот тениски турнир „Банкари и дипломати“ – Златен пехар за НЛБ банка
НЛБ Банка го освои првото место и златниот пехар на Зимскиот тениски турнир „Банкари и дипломати“. Победата ја донесе нивниот колега Владимир Дојчинов, во конкуренција на 20 натпреварувачи. Натпреварите во двојки составени од бакар и претставник од дипломатскиот кор или од Министерството за надворешни работи, покажаа врвен спортски дух, фер-плеј и искрена желба за дружење.

