
Во Штип платите растат побрзо од бројот на вработените
Најголемото градско јадро во источниот дел од државата, Штип, има повеќе од 40 илјади жители. Од нив, 13.403 се работно ангажирани во 1.826 трговски друштва поврзани со автомобилската индустрија, металопреработувачката, телекомуникациите, комуналните услуги… Секако, тука е и текстилната индустрија, која е дел од идентитетот на градот. Вредните луѓе минатата година создале приход од 719,8 милиони

