
Банкарство
Усвоен Стратегискиот план на Народната банка за периодот од 2025 до 2027 година
Стратегискиот план на Народната банка е поставен под мотото „Централна банка којашто придонесува за градење стабилна, одржлива и зелена економија“, со што воедно се утврдија главните области на кои посветено ќе работи во следните три години. При изработката на Стратегискиот план се зеде предвид динамичното окружување, новите предизвици и можностите од трендовите на глобалната сцена.