
Берза
15 МИЛИОНИ ЕВРА се свртеа на берза во октомври месец: На врвот по промет, две банки!
Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.10 – 31.10.2021 година вкупниот промет изнесувал 930.247.593 денари и е зголемен за 51,10 отсто во однос на претходниот месец. Класичното тргување изнесувало 571.463.963 денари и е зголемено во однос на септември за 13,51 отсто кога изнесувало 503.426.341 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 538.839.279 денари и обврзници во вредност од 32.624.684 денари.