
Пензиски Фондови
ЛИНЕАРКАТА ОД ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРАВИ ПОДАНИЦИ И НОСИ РИЗИК – да се посегне и по парите од вториот столб
Септемвриската пензија е повисока за 2.500 денари и доаѓа на Меѓународниот ден на возрасните граѓани – стари лица, пензионери, први октомври. И нема пензионер за кој тие пари не се добродојдени. Иако многумина од нив, пред сѐ упатените во начинот на кој функционира исплатата на пензионерските примања, укажуваат дека линеарното зголемување не е среќно решение.