
Избори '25
ЌЕ ИМА ПОДЗЕМНА СООБРАЌАЈНИЦА КАЈ ЛИМАК: „Ќе ја смениме сообраќајната иднина на Скопје“, најави кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска најави реализација на досега долгонајавуваниот, но нереализиран проект за подземна сообраќајница во центарот на Скопје кој, како што рече, ќе ја промени сообраќајната иднина на градот. Според Ѓорѓиевски, тоа ќе биде првата фаза од булевар „Македонија“ и улицата „Даме Груев“ да прерасне во булевар.