
Синдикалната кошница 63.908 денари – минималната плата покрива 38% од трошоците за мај
Најосновните трошоци на просечното четиричлено македонско семејство за еден месец се зголемиле за 1.217 денари. Износот ја претставува разликата меѓу априлската од 62.691 денар и мајската минимална синдикална кошница, која достигнува вредност од 63.908 денари. Толку чинат потребите на домаќинствата што имаат свој дом, додека со изнајмен стан од 60 квадрати сумата е 79.283 денари.
