
СРБИЈА СЕ ДОГОВОРИ СО МОЛ: Државата ќе купи уште 5% удел во НИС, рафинеријата во Панчево ќе продолжи со работа
„Сите отворени прашања“ со унгарската компанија МОЛ во врска со евентуалното купување на Српската нафтена индустрија (НИС) од рускиот Гаспромнефт се успешно решени, објави вчера српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека, според постигнатиот договор, доколку Гаспромнефт постигне договор со МОЛ и американските власти го одобрат купувањето, државата Србија ќе купи










