
ВИРЏИН ОРБИТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈА: Ричард Бренсон ги потроши парите за ракетната програма и поднесе барање за банкрот
Ракетната компанија Вирџин Орбит на британскиот милијардер Сер Ричард Бренсон поднесе барање за банкрот во САД откако не успеа да обезбеди нова инвестиција. Компанијата за лансирање на сателити ја прекина работата пред неколку недели, во надеж дека ќе најде купувач за бизнисот. Компанијата, со седиште во Калифорнија, минатата недела објави дека ќе намали 85% од






