
Финансии
ИЛЈАДА ЕВРА ЗА ЖИВОТ НА МИНИМУМ – синдикалната кошница во мај полесна за 122 денари
За врзување на првиот и последниот ден од мај се потребни 60.090 денари. Толкава е вредноста на минималната кошница што ја пресметува Сојузот на синдикатите. Споредено со претходната од април, за цели 122 денари го олеснила товарот на просечното четиричлено семејство. Во структурата најголемите зафаќања ги имаат трошоците за храна и пијалаци – 31,6 проценти.
