
Бизнис
Мајкрософт ги затвора сите свои продавници
„Мајкрософт“ денеска објави дека ќе ги затвори сите свои продавници и ќе има само онлајн продажба, како дел од својата стратегија за промена во делот на малопродажбата. Како што се наведува, компанијата нема да отпушти вработени во текот на оваа програма. Наместо тоа, вработените во продавниците ќе преминат на работа во корпоративните згради на компанијата.