
ДАЛИ ЛАГАРД ЌЕ ГО ПАКУВА КУФЕРОТ ПРЕД 2027 ГОДИНА? Европа веќе калкулира со нов шеф на ЕЦБ
Во момент кога еврозоната влегува во релативно стабилна економска фаза, на хоризонтот се појавуваат нови неизвесности, овојпат поврзани со раководството на најмоќната финансиска институција во Европа. Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, размислува да ја напушти функцијата пред истекот на својот мандат во октомври 2027 година, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на
