
ХРВАТСКА ВРАТИ МАКЕДОНСКИ ПИПЕРКИ АЈВАРКИ ПРЕПОЛНИ СО НЕДОЗВОЛЕНИ ПЕСТИЦИДИ: Овошје и зеленчук од Македонија „зачинето“ со отрови не поминува во ЕУ, го јадеме ли ние?
Хрватските фитосанитарни власти повторно алармираа за небезбедност на земјоделски производ од Северна Македонија, откако пред неколку дена на границата беше запленет и уништен контигент црвени пиперки-ајварки во кои било откриено присуство на опасниот инсектицид метомил, во количество што ги надминува дозволените граници. Според податоците објавени од хрватските портали анализите покажале дека овие пиперки претставуваат ризик


