
Осигурување
Генералниот директор на Сава Осигурување, Дракуловски, го промовира новиот продукт – осигурување на побарувања за сите бизнис клиенти
Сава Осигурување, како компанија која повеќе од 25 години е препознатлива на македонскиот пазар по својата иновативност, исполнување на преземените обврски, професионалниот пристап и посветеноста кон клиентите, повторно нуди иновација во своето продуктно портфолио. Следејќи ги последните трендови, но особено потребите и ризиците при работењето во бизнис секторот, го дизајнираа продуктот – Осигурување на побарувања.