
Банкарство
Народната банка и ОПМ ја продлабочуваат соработката за заштита на потрошувачите корисници на банкарските услуги
Народната банка и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ја прошируваат својата соработка заради понатамошно унапредување на заштитата на потрошувачите корисници на услугите на банките и штедилниците. Со потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка, двете институции дополнително се обврзуваат да вршат размена на искуства, знаења и стручна поддршка во сферата на колективната заштита на