
Берза
ЛАНСКИОТ ПРОМЕТ НА БЕРЗАТА НАМАЛЕН ЗА 42 ОТСТО во однос на 2021 година!
Годишниот статистички билтен што го објави Македонската берза покажува дека прометот на Берзата, што е направен во 2022 година е за дури 42 % помал од оној што беше направен во 2021 година. Податоците покажуваат дека направениот промет на Берзата во 2022 година изнесувал 121 милион евра, а во 2021 година бил 209 милиони евра.