
Бизнис
ГРАДЕЖЕН БУМ НАСПРОТИ ПРОБЛЕМИТЕ: Во јануари издадени дури 390 одобренија за градби, ќе се градат објекти вредни 125,1 милион евра
Во јануари се издадени 390 одобренија за градење, што е за 50,6 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Според одобренијата, предвидената вредност на објектите изнесува 7.706.874.000 денари, односно 125,1 милион евра. Во однос на споредбениот период, зголемувањето е за 33,6 насто. Статистиката вели дека од