
НАПРЕДОК ИЛИ ЗАВИСНОСТ ОД ТЕХНОЛОГИЈА: Електронски тетоважи ќе ги заменат паметните телефони
Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, смета дека новата технологија ќе ги замени паметните телефони – станува збор за електронски тетоважи. Електронските тетоважи се производ на биотехнолошката компанија Chaotic Moon, а со нив ги собираат и анализираат податоците добиени од човечкото тело. Овие податоци може да се користат за различни цели, вклучително и медицински и спортски.


