
Финансии
Излезе новата „Форбс“ листа на најплатени фудбалери, Меси и Роналдо се единствени со заработка над 100 милиони долари
Лионел Меси и Кристијано Роналдо се двајцата најплатени фудбалери на денешницата, според списанието „Форбс“. Аргентинецот и Португалецот ќе бидат единствените кои ќе заработат над 100 милиони долари во следната година. Меси го зазема првото место на списокот. Тој поседува 92 милиони долари од договори со Барселона, додека има уште 34 милиони долари од спонзорски договори,