
БРАН ШТРАЈКОВИ ЈА ПАРАЛИЗИРА ГЕРМАНИЈА: Авионите приземјени, јавниот превоз застана под притисок на синдикалните барања за повисоки плати
Германија се соочува со нов бран синдикални протести што го погодуваат авиосообраќајот и јавниот транспорт во повеќе големи градови. Најновиот развој е поврзан со штрајкот во Луфтханза, но паралелно се одвиваат и координирани акции на вработени во градскиот превоз и на аеродромските служби, што дополнително ја продлабочува транспортната криза. Најактуелен е 24-часовниот штрајк на пилотите





