
Анализи
БАНКИТЕ ГО ОДВРЗАА ЌЕСЕТО: За една година кредитите се зголемиле за 10%, а депозитите за 1,8 %
„ПАРИ“ АНАЛИЗА | Банкарскиот сектор во кредити има пласирано 6,6 милијарди евра, заклучно со јуни 2022 година. Од нив, 3,2 милијарди евра се во корпоративниот сектор, а 3,4 милијарди евра се пласирани кај домаќинствата. Истовремено на сметките на банките се наоѓаат 7,4 милијарди евра во депозити. Податоците на Народната банка откриваат дека кредитите значително побрзо