
Бизнис
Финансиските друштва добија Етички кодекс: Поголема одговорност, јасни информации и заштита на клиентите
На денешната прес-конференција во Стопанската комора на Северна Македонија, Групацијата на небанкарски финансиски друштва го промовираше својот прв Етички кодекс, документ што има за цел да ги постави основите за поодговорно и транспарентно делување на финансиските институции надвор од банкарскиот сектор. Кодексот беше презентиран од претседателот на Групацијата, Никола Јошевски, кој истакна дека овој чекор