
Митреска од Виена: За побрз економски раст се потребни продуктивност, дигитализација и диверзификација
Македонската економија успеа да остане стабилна и покрај серијата глобални кризи во изминатите години, но ако сака побрзо да се приближува кон европскиот животен стандард ќе мора да инвестира повеќе во продуктивност, технологија, иновации и дигитална трансформација. Ова беше една од клучните пораки што ги испрати вицегувернерката Ана Митреска на конференцијата на „Џ. П. Морган“









