
МАКЕДОНСКИ БАНКАРСКИ ВРВ ВО ДВИЖЕЊЕ ‒ Зошто 2025 година донесе рекорден број менаџерски промени?
Претходната година ќе остане запаметена како година во која македонското банкарство направи ретко и речиси симултано ресетирање на врвот. Управни и надзорни одбори, главни извршни директори и клучни менаџерски позиции се менуваа со интензитет што одамна не бил забележан во сектор што традиционално важи за стабилен и претпазлив. Промените не беа маргинални, туку директно во
