
Финансии
ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ЈА „КРЕНАА“ МАРТОВСКАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЦА – 58.998 денари за скромна живејачка
За еден месец дополнителни 1.552 денари ја оптовариле минималната синдикална кошница, која за март достигнува износ од 58.998 денари. Тие пари му се потребни на четиричлено семејство за покривање на најосновните потреби, кои најмногу се зголемиле во делот на храната и пијалаците – за 1.462 денари. Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија велат –