
Инвестиција во деловен објект – паметен потег за мали и микро компании
Малите и микро претпријатија се крвотокот на секоја економија. Иако нивната големина како поединечни субјекти е незначителна во споредба со големите корпорации, сепак нивното присуство и делување на пазарот го прават можно функционирањето на националните економии. Токму затоа голем дел од заложбите на државите за зголемување на конкурентноста и БДП се спроведуваат преку најразлични пакети

