
Бизнис
Фејсбук статус на Џиков: Микро и Малите бизниси се столбот на секоја економија – да им помогнеме да опстанат!
Бојан Џиков, бизнис аналитичар, апелира.. Во нашата држава постојат над 60 илјади микро и мали правни субјекти. Под правни субјекти спаѓаат фирми, трговци поединци, самостојни вршители на дејност и многу други чинители на економијата. Ова се луѓето кој секојдневно ги гледаме, нашите најблиски роднини, комшии, пријатели, локалното гранапче, пекара, вашиот бербер, козметичарката, вулканизерот и други.