
Бизнис
Месинџер конечно се враќа на апликацијата Фејсбук
Messenger наскоро повторно ќе се обедини со апликацијата Facebook. Во блог пост кој се обидува да ги увери корисниците дека Фејсбук дефинитивно не умира, Мета официјално објави дека спроведува тест кој го додава Messenger повторно во апликацијата Фејсбук. „Наскоро ќе видите дека ќе го прошириме ова тестирање“, напиша лидерот на Фејсбук Том Алисон во објавата.
