
Берза
Македонска Берза: Блок трансакциите во август изнесувале 2.097.481.077 денари и се зголемени за 259,34 отсто
Според податоците кои ги објави Македонска берза за периодот 01.08 – 31.08.2021 година вкупниот промет изнесувал 2.800.255.297 денари и е зголемен за 162,43 отсто во однос на претходниот месец. Класичното тргување изнесувало 696.376.220 денари и е зголемено во однос на јули за 44,08 отсто кога изнесувало 483.320.024 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 472.571.156 денари и обврзници во вредност од 223.805.0649 денари.