
Доминација на малите фирми – 82,5 отсто со најмногу девет вработени
Во државата, во текот на 2021 година активни биле 70.424 претпријатија. Ова се дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика. Гледано од аспект на сектори на дејност, статистиката забележала дека се најбројни фирмите во трговијата – и на големо и на мало, заедно со поправка на моторни возила и мотоцикли, со удел од 31,1 процент.



