
„ГЛЕЈ“ СО СИЛЕН ЧЕКОР НАПРЕД: Нов сојуз со М6 за дигитална и корпоративна едукација
Во време на интензивни промени и потреба од постојано прилагодување кон дигиталната ера, компанијата Сводмастер АД Скопје – сопственик на првата македонска стриминг-платформа „Глеј“ – и М6 Едукативен центар го потпишаа својот прв заеднички чекор кон иднината. Стратешкото партнерство, официјализирано преку Меморандум за разбирање, претставува синергија на иновативната технологија и современиот образовен пристап, поставувајќи нови
