
Бизнис
„Флекс кредит“ се шири во Европа – отворена првата филијала на „КРЕДИТЕРО“ во Валенсија
Групацијата на “Флекс кредит” се шири во Шпанија со бизнис- моделот кој се практикува во Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија. Отворена е првата филијала во Валенсија. Финансиското друштво во оваа европска држава функционира под името „Кредитеро“. Од “Флекс кредит” велат дека ова е голем чекор за нив, но и генерално за домашниот финансиски систем.