
Избори '25
Конвенција на ЗНАМ во Куманово: Димитриевски најави убедлива победа во првиот круг
На преполниот Градски плоштад во Куманово, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, заедно со граѓаните – одржа конвенција на која ги промовираше кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски, и листата со 31 кандидат за членови на Советот на Општина Куманово. Лидерот на ЗНАМ најави убедлива победа уште на 19 октомври, во првиот круг на локалните избори.