
Пецаков: Охрид ќе продолжи да се развива во модерен, дигитален, економски силен и зелен град
Изградба и реконструкција на училишта и градинки, подобрување на патната инфраструктура, инвестиции во спортот, културата и животната средина. Сето тоа придонесе за поквалитетен живот на сите охриѓани, нагласи актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Кирил Пецаков. Нашата работа се гледа во секое поле и горд сум на сѐ што успеавме да реализираме, рече тој
