
Бизнис
Македонскиот фармацевтски гигант продира во Азија: Регистрирано ново друштво „Алкалоид Казахстан“
„Алкалоид Казахстан“ ДОО е новото капитално поврзано друштво што во таа азиска земја го регистрира најголемата македонска фармацевтска компанија. Воедно, тоа е и првата нејзина подружница на азискиот континент. Друштвото е во стопроцента сопственост на скопската фармацевтска куќа, која за овој крупен чекор ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза. Се наоѓа во градот Алмати